Internet explorer not supported - Please switch to Edge, Firefox, Chrome, Opera or other browser and improve the safety of your navigation

Navigation Menu

Политика за квалитет и безбедност на производот - Messer Vardar Tehnogas

Nested Applications

Asset Publisher

null Политика за квалитет и безбедност на производот

  • Daniela Dankovic
  • -
  • Oct 02, 2020
  • -
  • Safety announcements |

Ознака: п 5.2/1
Верзија: 1 1
Дата: 01.02.2018 


ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ И БЕЗБЕДНОСТ НА ПРОИЗВОД
Наше мото:
“ЈА СЛЕДИМЕ САМО, И САМО ТРАЕКТОРИЈАТА КОЈА ЈА ТРАСИРА КУПУВАЧОТ”
Бизнис цел на Мессер Вардар Техногас, е:
“ДА БИДЕМЕ СЕКОГАШ ЧЕКОР НАПРЕД, ВО ОБЛАСТА НА ПРОИЗВОДСТВО НА ТЕХНИЧКИ, МЕДИЦИНСКИ И СПЕЦИЈАЛНИ ГАСОВИ, СЛЕДЕЈЌИ ГИ РАЗВОЈНИТЕ ТРЕНДОВИ НА ПАЗАРОТ И СТРЕМЕЈЌИ СЕ ДА СЕ ДОСТИГНЕ НАЈДОБРОТО- НЕ ПРВИ, НО ЕДИНСТВЕНИ”

Потврда на успешното оржување на Системот за управување со квалитет и Системот за безбедност на храна, се темелат на следново:
Стручното оспособување на нашиот персонал, за производството на квалитетен и безбеден производ,
Мотивирање на вработените и подигнување на нивото на тимското работење,
Почитување на желбите и потребите на нашите купувачи,
Производство на високо квалитетен и безбеден производ, кој е основа за производство на квалитетна и безбедна храна која ги задоволува потребите на потрошувачите,
Постојано подобрување на системот за управување со квалитет и безбедност на производот,
Грижа за работната средина со имплементација на принципите на добра хигиенска пракса-ДХП и добра производна пракса-ДПП,
Грижа за животната средина во и надвор од компанијата,
Реализација на производство на безбеден производ засновано на исполнување на меѓународни законски прописи, стандарди, ЕУ директиви, регулативи и сл.,
Подигање на конкурентската предност на пазарот, со континуирано иновирање на нови производи,
Беспрекорна грижа и контрола на квалитетот на суровината, контрола на производот во текот на производството и контрола при испорака на производот,
Изведување на интерни проверки на системот за управување со квалитет и безбедност на храна,
Примена на современа технолошка опрема и современи технолошки постапки,
Планирање на финансиските средства за одржување на системот за управување со квалитет ISO 9001:2015, системот за управување со заштита на жиотна средина ISO 14001:2015 Системот за управување со безбедност на храна FSSC 22000 rev. 4.1 и HACCP системот.


Одобрил: Генерален менаџер