ДИСТРИБУТИВНИ ЦЕНТРИ ВО ВАША БЛИЗИНА
Со апликацијата подолу можете брзо да го пронајдете најблискиот дистрибутивен центар. Messer нуди голем број дистрибутивни центри за снабдување со боци и сигурно има некој во Вашата близина.
ОПЦИИ ЗА СНАБДУВАЊЕ
За корисници кои се во движење, можноста за подигнување боци понекогаш е добра алтернатива. Побарајте го работното време во апликацијата подолу и проверете дали избраниот дистрибутивен центар го има призводот на залиха.
Во повеќето случаи, дистрибутивниот центарот исто така, нуди опција за испорака, па дури во случај на непланирано и итно барање и опција за „брза испорака “. Јавете се во дистрибутивниот центарот или користете една од долу понудените опции за нарачка.
ОПРЕМА ЗА СОВРШЕН СПОЈ
Многу од дистрибутивните центри исто така нудат опрема за гас и друга опрема. Побарајте совет за соодветна опрема која се користи за гасови во боци, така што тие ќе формираат совршен спој и ќе ви овозможат безбедно снабдување со соодветен притисок и потребната количина на гас.
ОПЦИИ ЗА НАРАЧКА
Покрај традиционалниот телефонски повик, е-пошта или пораки, Messer нуди и нарачка преку интернет на нашиот портал или преку мобилна апликација. Можете лесно да ја наполните корпата почнувајќи од претходно купените производи и да бидете сигурни дека не се појавува забуна за точниот производ (дали се работи за 50-литарска боца за кислород или за 20-литарска). Со нарачката преку интернет веднаш ќе добиете потврда за нарачката, така што системот Ви ги олеснува административните работи.
БЕЗБЕДНО РАКУВАЊЕ СО БОЦИ
Контактирајте го Вашиот дистрибутивен центар за совети за тоа колку боци можете да транспортирате, какви безбедносни мерки треба да превземете за секој од гасовите кои ги транспортирате, како безбедно да ракувате со боците, како и кои се законските прописи во врска со транспортот. Исто така може да ја преземете и соодветната брошура, за да можете внимателно внимателно да ја прочитате.
Место за апликација
ГАСОВИ ВО БОЦИ МОЖЕТЕ ДА НАЈДЕТЕ НА СЛЕДНИТЕ ЛОКАЦИИ:
Боците со гас може да се најдат во:
Подружница Битола - с. Меџитлија - +38975302634
Подружница Штип - +38971264211
Подружница Струмица - +38975407413
И кај нашите дистрибутери ширум Македонија
Кум Гас Куманово - +38975387700
Аеро Техника Тетово, Боговиње - +38970755021
Баст Трејт 2000 Кавадарци - +38972255200
Чатал Прилеп - + 38970356690
Милт Охрид - +38970391982
Тинг Кочани - +38970309975