Услови за испорака и прием на гасови
Испорака и прием на гасови
ИСПОРАКА И ПРИЕМ НА КОМПРИМИРАНИ И ТЕЧНИ ГАСОВИ
ИСПОРАКА
Месер Вардар Техногас, како испорачател, се обврзува на крајниот потрошувач да му го испорача нарачаниот гас (течен или компримиран) во количина, квалитет и рок според меѓусебниот договор, односно според нарачката. Испораката на компримирани гасови се врши во соодветна амбалажа – челични боци, палети и батерии, а според тоа, челичните боци мора да бидат означени со соодветни налепници-етикети, како ознака за наполнетост и типот на гасот.
Челичните боци кои се испорачуваат кај потрошувачот мора да бидат исправни сто значи дека истите мора да бидат атестирани, што се потврдува со жигот на Инспекциското тело втиснат на телото на боцата, опремени со челични капи и офарбани со соодветна боја.
При испорака на челичните боци во палета (максимум 16 боци) испораката задолжително се врши со каиш за затегање на боците (шпанер), кој обезбедува боците да се транспортираат без мрдање.
Течните гасови се испорачуваат во специјални криогени цистерни.
ПРИЕМ
Со потпис и заверка на испратницата, потрошувачот потврдуваЧ
- Дека ја превзема количината и квалитетот на гасот, согласно нарачката и дека гасот е испорачана во соодветна амбалажа, која е во исправна состојба со соодветни безбедностни мерки (заштитна капа) и дека е запознаен со начинот на транспорт на боците.
ВРАЌАЊЕ НА ПРАЗНА АМБАЛАЖА
Потрошувачот е должен да ја врати празната амбалажа:
- празна боца не смее да биде испразнета под минималниот притисок на празнање од 2 бари, со заштитна капа и без видливо оштетување
- боците кои се враќаат во палета мора да бидат обезбедено со каиши за затегање
- враќањето на празна боца без заштитна капа, како и враќање на боцата во палета без каиш за затегање, ќе се наплати според важечкиот ценовник на Месер Вардар Техногас
ВРАЌАЊЕ НА ОШТЕТЕНА АМБАЛАЖА
Враќањето на амбалажа во оштетена состојба, како на пример:
- Замастена боца, оштетена боца, палета или батерија со други оштетувања, посебно ќе се евидентира и отстранувањето на воочените недостатови и оштетувањето ќе се наплати на потрошувачот според важечкиот ценовник на Месер Вардар Техногас
РЕКЛАМАЦИЈА
Течен гас:
Рекламација за квалитет или количина за испорачан течен гас треба да се пријави на телефон во одделот Продажба на гасови веднаш, а најдоцна 3 дена од денот на испорака, а потоа во наредниот период од 3 дена од датумот на пријава, пријавата да се достави во Месер Вардар Техногас.
- Документација за рекламација: Записник од рекламација, копија од испраатница, потврда од анализа или сертификат за квалитет. Месер Вардар Техногас ќе одлучи за статусот на рекламацијата и одлуката писмено ќе ја достави на потрошувачот.
Квалитет на гас: рекламација за квалитетот на испорачаниот гас треба да се пријави на телефон во одделот Продажба на гасови веднаш, а најдоцна 3 дена од денот на испорака, а потоа во наредниот период од 3 дена од датумот на пријава, пријавата да се достави во Месер Вардар Техногас.
- Документација за рекламација: Записник од рекламација, копија од испраатница, потврда од анализа или сертификат за квалитет на гасот на означената боца. Месер Вардар Техногас ќе одлучи за статусот на рекламацијата и одлуката писмено ќе ја достави на потрошувачот.
Количина на гас: рекалмација за помала количина на гас во челичната боца, неисправен вентил, недостаток на ознака на боцата, постапката е идентична како и при рекламација за квалитет на гасот.