Општи услови за продажба на гасови

 ОПШТИ УСЛОВИ (ОУ) ЗА СНАБДУВАЊЕ СО ГАСОВИ НА МЕСЕР ВАРДАР ТЕХНОГАС ДООЕЛ (МВТ)

I. Општо

1. Склучување на договор, јазик на договор

1.1. За сите снабдувања предност ќе има македонската верзија од овие Општи Услови (ОУ). Отстапките од истите или секакви заменски или дополнителни спогодби со Клиент ќе важат како обврзувачки само ако се писмено потврдени од МВТ (или факс). По доставата на нарачка до МВТ или по наша испорака, нашите ОУ ќе се сметаат прифатени од Клиентот. Предимствен јазик на договорниот однос со Клиентот ќе биде Македонскиот.

1.2.Општи рокови и услови на Клиентот нема да се прифаќаат од нас, освен ако поинаку написмено не е потврдено од нас, и без посебен приговор кон условите на Клиентот од наша страна.

1.3.Усмени нарачки и договори како и усмени дополнителни договори и обврски мора писмено да бидат потврдени од МВТ за да бидат важечки и обврзувачки.

1.4. Посебни услови на Клиентот можат да бидат дадени само ако тој целосно ги исполнува договорните обврски. Во спротивно МВТ е овластен да ги откаже посебните услови и да бара ретроактивно плаќање на дополнителни износи како без да биле одобрени посебните услови.

1.5.Ако стоката е нарачана електронски, ние ќе го потврдиме приемот на нарачката на Клиентот. Сепак, потврдата на приемот на нарачката не претставува и обврзувачко прифаќање на нарачката.

1.6. Во случај на ништовност на одделни одредби од овие ОУ, останатите одредби И договорите склучени врз нивна основа важат.

1.7.Каде што овие ОУ упатуваат на ценовникот, тоа ќе значи ценовник испратен од МВТ и важечки на датата на испорака.

2. Цени, услови на плаќање

2.1.Нашите цени се нето на место на производство без ДДВ. Ако во одделни случаи нема цена, истата ќе се пресмета според важечкиот ценовник Гасовите со нивните боци ќе бидат испорачани од место на производство или од магацин (место на испорака) на трошок и ризик на Клиентот. Исто, празните боци ќе бидат превезени до местото на испорака на трошок и ризик на Клиентот.

2.2. Продажната цена ќе биде втасана за плаќање веднаш со испораката на добрата или услугите, освен ако посебни услови и рокови на плаќање не се договорени во одделни случаи. Без оглед на рокот за плаќање, МВТ е овластен да ги запре следните испораки ако клиентот доцни со плаќање на која и да е сума или ако стане извесно дека поради финансиската ситуација клиентот нема да биде во можност да ги исполни обврските по склучувањето на договорот. Дополнително, роковите за плаќање наведени во ценовникот и/или наведени во фактурата ќе се применуваат.

2.3 Ако клиентот доцни со плаќањето на некоја обврска кон МВТ, ќе се засмета законска казнена камата. Дополнително, Клиентот ќе му ги надомести на МВТ сите трошоци за опомени од адвокати или постапки за наплата. Ако е договорено плаќање на рати, МВТ ќе биде овластен на целосна наплата на сите преостанати рати веднаш во случај на доцнење на клиентот со плаќање на ратите или споредни побарувања.

2.4 Клиентот може да постави контра-барања на барањата на МВТ кон клиентот само ако овие контрабарања се написмено прифатени од МВТ или ако се утврдени со правосилна судска/нотарска одлука.

2.5 Гасовите испорачани од МВТ со сите акцесории продадени со нив ќе останат сопственост на МВТ се до потполно плаќање на купопродажната цена и споредните побарувања. Боците во кои се испорачани гасовите остануваат сопственост на МВТ секогаш.

3. Испорака

3.1.Наведените рокови за испорака не се обврзувачки,освен ако изречно не се договорени со обврзувачка сила. Делумни испораки се дозволени.

3.2. Ако испораката/исполнувањето од МВТ (или под-снабдувачите) е задоцнето од причини кои не може да се припишат на МВТ, како и во случај на виша сила или други непредвидливи настани кои не можеле да се избегнат со разумни мерки, како штрајкови, прекини, нарушување на сообраќајот или акти на државните органи, пандемија, обврските за испорака и прием ќе се суспендираат за времетраењето на настанот и рокот за испорака соодветно ќе се продолжи. Ако таквиот настан трае подолго од 3 месеци, клинетот и МВТ се овластени да се повлечат од договорот.

3.3.Ако МВТ се обврзало да се придржува до определен краен рок и не исполнило до тој рок, клиентот може да го откаже договорот само ако му дозволил на МВТ дополнителен грејс период од најмалку 14 дена написмено и ако тој дополнителен рок истекол без никакво дејствие превземено од МВТ. Клиентот нема право да бара штета за неисполнување ако штетата не е предизвикана намерно или од крајно невнимание од МВТ или суб-дилерот. Не е дозволено обештетување за загубен профит или други чисто финансиски загуби.

4. Гаранција

4.1.Клиентот написмено ќе го извести МВТ за сите дефекти веднаш по приемот; скриените дефекти ќе е сигнализираат веднаш по откривањето, во спротивно добрата ќе се сметаат за прифатени и без недостатоци. Во тој случај клиентот нема право на никакви барања, вклучувајќи го барањето за раскинување на договорот заради недостаток во исполнувањето. Во случај на испорака на гас со недостатоци и/или во неисправни боци, неисправните боци ќе се одбележат со налепница прицврстена до вентилот под капата на боцата со точна адреса на клиентот и причината за поплаката и ќе се вратат веднаш на местото на испорака за проверка од МВТ. Дефектните боци не смее да се употребуваат. Приговори од други причини не можат да се сметаат како оперативни причини.

4.2. Ако испорачаниот гас е дефектен или отстапува од спецификацијата на порачката по тип или квалитет, МВТ-по избор на клиентот- ќе го замени или ќе му засмета на клиентот компензација за недостатокот.

4.3.Гарантниот период е 6 месеци од испораката. Правото да се бара од МВТ штета ретроактивно ќе истече 6 месеци од испораката од МВТ, по чие истекување МВТ нема да биде одговорен за обесштетување ретроактивно за штета настаната на клиентот. Приговорот не го овластува клиентот да ја задржи целата, туку само половина од купопродажната цена, се додека испораката со недостатокот не биде заменета.

5. Одговорност

5.1 Одговорноста на МВТ е ограничена само на актуелните и директни штети, истите за еден случај или повеќе случаи заедно во текот на 1(една) година, во никој случај не може да биде поголема од 20.000,00 евра.

5.2 Секакава натамошна одговорност на МВТ е исклучена. Во случај на штета од обична небрежност МВТ нема да биде одговорен за штети настанати при испорака на предметот, загубена заработка или друга финансиска штета.

5.3.Клиентот ќе се придржува до прописите за употреба на гасовите како и до општо прифатените технички правила и ќе ги сноси ризиците по пат на адекватно осигурување. Клиентот е свесен за ризиците типични за употреба на гасовите и согласен е да ги употребува на свој сопствен ризик. Тој е исто свесен за можната штета по имотот како последица од непредвидливи и нетипични ризици, особено од неправилна употреба од трети лица.

5.4. МВТ изречно изјавува дека неговата политика на осигурување од штети предизвикани од производи со недостаток исклучува надомест ако производите се употребени во авијацијата, аеронаутика и нуклеарна индустрија. Секаква употреба на машините и опремата на МВТ во овие индустрии е на сопствен ризик на клиентот, па секако одговорноста на МВТ во тој контекст е целосно исклучена.

5.5 Наведените ограничувања и исклучувања на одговорноста се однесуваат и за барања за надомест на штети за лични повреди или штети од добра употребувани за приватни намени предизвикани од дефектни производи на МВТ.

5.6. Ограничувањата на одговорноста се однесуваат и на законските застапници, вработените или лицата кои работат за сметка на МВТ.

5.7. МВТ не е одговорен за било каква штета што може да настане доколку Клиентот не ги почитува законсите позитивни прописи, и не се придржува кон општите одредби и услови. Во Случај МВТ да претрпи штета поради непочитување на општите одредбите и законсите прописи клиентот е должен истата да ја надомести на МВТ во рок од 30 дена.

5.8 Клиентот може да бара штета во рок од 6 месеци по настанувањето на штетата, по што настапува застареност на побарувањето

6. Количина

Ознаките на количините на компримираните/течни гасови се однесуваат на состојба на гасот од +15 Ц и 1 бар; “м3” се однесува на состојба на гасот од +15 ц и 1 бар. Сите боци вратени на местото на испорака ќе бидат испразнети во атмосферата од безбедносни причини.

7.Место на исполнување, закон во примена

Сите спорови кои ќе произлезат од овој договор ќе се решаваат од Основен Граѓански суд Скопје. Покрај тоа, МВТ е овластен да поднесе тужба против Клиент во Судот од општа месна надлежност (седиште на тужениот). Ќе се применува Македонското право, а нема да се земе во предвид Продажната Конвенција на Обединетите Нации. Во случај на спор за интерпретацијата на овие ОУ, Македонската верзија ќе има предност.

8. Заштита на податоци:

Обезбедените податоци ќе бидат обработени од МВТ според важечкиот закон за заштита на лични податоци. Известувањето за приватност на МВТ може да се превземе од официјалната страна ( messer.com.mk )

II. Дополнителни посебни услови за гасови испорачани во боци и давање на употреба на боци и палети

1. Повратни боци и повратни палети

1.1. Палетите и боците на МВТ можат да се употребуваат од клиентот само ако полнење од гас од МВТ и ќе останат во сопственост на МВТ. Клиентот секогаш ќе назначува на трети лица дека палетите и боците се сопственост на МВТ. Секаква друга употреба -и за безбедносни причини- не е дозволена.

1.2.Клиентот е одговорен за употреба на боците/палетите согласно важечките безбедносни стандарди и техничките правила од нивната испорака до нивното враќање на местото на испорака. Тој ќе го информира местото на испорака за секакви загуби, внатрешно загадување или друга штета на боците/палетите веднаш штом ќе дознае за нив. Таквите боци мора јасно да се означат. Клиентот ќе биде одговорен и без вина за трошокот за замена на недостасувачките, загадени или други оштетени делови на боците/палетите, како и за неупотребливите и невратените боци/палети. Боците/палетите не смеат да се даваат на трети лица, посебно за купување на гас или полнење на гас без претходна пимена согласност. Клиентот ќе ги врати боците/палетите во добра состојба на негов ризик и трошок веднаш штом ќе ги испразни. Боците/палетите ќе се сметаат за вратени ако нивното враќање е написмено потврдено од овластеното место на испорака.

1.3.До враќањето на боците/палетите, надомест за употреба ќе се засметува според ценовникот. Клиентот ќе ги потврди количествата на боци и палети во фактурите и може да вложи приговор во рок од 3 дена од приемот на фактурата, а ако не се смета дека ги прифатил количествата на боци/палети и истите не можат да се оспорат понатака. Секакви трошоци за давањето во употреба ќе ги сноси клиентот. МВТ е овластен да бара депонирање на бескаматна гаранција во вредност на боците/палетите до нивното прописно враќање.

1.4. Ако боците/палетите не се вратат на местото на испорака во периодот наведен во ценовникот, МВТ е овластен да наплати прекувремен надомест како во ценовникот. Надоместот ќе се засмета до денот на враќање.

1.5.Повредите на овие услови за употреба, вклучувајќи го надомесот за употреба од страна на Клиентот му даваат право на МВТ да ги поврати боците/палетите и го ослободуваат од обврска за натамошно снабдување со боци/палети.

2. Боци на Клиентот

2.1. Ако поинаку не е договорено, боци на Клиентот ќе се примат и наполнат од МВТ и ќе се испорачаат на Клиентот на негов сопствен ризик и трошок. МВТ ќе наплати полнење во сопствени боци според ценовникот. Клиентот е согласен дека местото на полнење ќе ги доведе во техничка исправност согласно прописите неговите боци пред полнењето. МВТ има право да не ги прифати боците на Клиентот за полнење и да побара согласност истите да ги атестира (периодичен преглед) и за оваа услуга трошокот да го наплати од Клиентот, според ценовникот. Боците на Клиентот мора да се означени со неговиот назив, во спротивно МВТ не прифаќа одговорност за нивно враќање,освен ако клиентот не докаже намера кај МВТ. Ако Клиентот не ги подигне боците во определениот период од ценовникот по нивниот прием кај нас, МВТ има право на надомест за чување (лежарина) според ценовникот.