Breadcrumb

Политика на приватност

Политика на приватност

Заштита на личните податоци

МЕСЕР ВАРДАР ТЕХНОГАС Месер СЕ & Цо. КГаА ДООЕЛ Скопје е посветен на заштитата на личните податоци и на почитувањето на правото на приватност на сите физички лица чии лични податоци ги обработува. Заштитата на личните податоци претставува составен дел од корпоративната култура на Друштвото и една од неговите основни вредности.

При обработката на личните податоци, МЕСЕР ВАРДАР ТЕХНОГАС Месер СЕ & Цо. КГаА ДООЕЛ Скопје постапува во согласност со Законот за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија, како и со принципите на Општата регулатива за заштита на податоците (General Data Protection Regulation – GDPR), која претставува европски стандард за заштита на личните податоци и обезбедување на правото на приватност.

Личните податоци се собираат и обработуваат законито, правично и транспарентно, исклучиво за однапред утврдени, јасни и легитимни цели. Друштвото го применува принципот на минимизација на податоците, при што обработува само лични податоци кои се неопходни за остварување на конкретната цел. Личните податоци се чуваат во роковите утврдени со закон или онолку долго колку што е потребно за исполнување на целта за која се собрани.

Оваа политика се однесува на обработката на личните податоци на вработените, кандидатите за вработување, клиентите, добавувачите, деловните партнери, посетителите на веб-страницата, надворешните соработници и сите други физички лица чии лични податоци ги обработува МЕСЕР ВАРДАР ТЕХНОГАС Месер СЕ & Цо. КГаА ДООЕЛ Скопје.

Друштвото применува соодветни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци од неовластен пристап, губење, уништување, измена, откривање или друга незаконска обработка. Личните податоци не се откриваат на трети лица, освен кога тоа е дозволено или наложено со закон, кога е неопходно за исполнување на договорни обврски или врз основа на претходно дадена согласност од субјектот на личните податоци.

Секое лице чии лични податоци се обработуваат има право на:

  • пристап до своите лични податоци;
  • исправка на неточни или нецелосни податоци;
  • бришење на личните податоци, кога се исполнети законските услови;
  • ограничување на обработката;
  • преносливост на податоците;
  • приговор на обработката; и
  • поднесување барање или претставка до Агенцијата за заштита на личните податоци, во согласност со важечките законски прописи.

Поврзани документи

За повеќе информации во врска со обработката и заштитата на личните податоци, ве молиме погледнете ги следните документи:

  1. Изјава за приватност (Privacy Notice);
  2. Известување за заштита на личните податоци на кандидатите за вработување МК;

            2.1.Data Protection Notice for Applicants – MESSER VARDAR TEHNOGAS Messer SE & Co. GaA DOOEL Skopje

  1. Согласност за обработка на лични податоци (Consent for Processing of Personal Data); и
  2. Изјава за доверливост (Confidentiality Statement).

Со користење на оваа веб-страница, потврдувате дека сте запознаени со содржината на наведените документи.

Доколку имате прашања во врска со обработката на Вашите лични податоци или сакате да ги остварите Вашите права, можете да се обратите до Офицерот за заштита на личните податоци (Data Protection Officer – DPO) на МЕСЕР ВАРДАР ТЕХНОГАС Месер СЕ & Цо. КГаА ДООЕЛ Скопје преку:

  • e-mail: info@messer.com.mk
  • Телефон: (02) 2549-108, локал 101
  • Мобилен телефон: 076 229 989