Добрeдојдовте на нашата веб страна
Ковид 19 - Messer Vardar Tehnogas
Breadcrumb
Објавување на веб страна
Asset Publisher

Корона вирус
- Daniela Dankovic
- -
- Aug 21, 2020
- -
Информација од пандемик тимот на Месер
Обврска на Месер групацијата е да ги одржува своите компании ширум светот оперативни, со цел да бидат во можност да ги снабдуваат клиентите со гасови. И во Месер Вардар Техногас на сила се превентивните мерки за заштита од Covid -19 вирусот.
Во производството каде е организирано сменско работење физичкиот контакт помеѓу вработените од различни смени е строго забранет. Вработените кои работат во иста смена мора да одржуваат растојание од 2 метра.
Возачите на камиони/цистерни мора да носат заштитни ракавици во секое време при ракување на боци и подвижни резервоари за гасови.
Секој вработен, покрај високата лична хигиена, задолжен е за дезинфекција на својот работен простор и опрема ( биро, стол, компјутер, телефон)
Опремата која се враќа од болници и ризични места за која не е достапен ефикасен метод на дезинфекција, задолжително се остава во карантин 12 часа и се чува на добро проветрени места.
Се одложуваат сите меѓународни средби со повеќе од 30 луѓе, до следно известување. Сите меѓународни патувања треба да се сведат на минимум.
Покрај овие правила Месер Вардар Техногас ги следи и почитува препораките и мерките на Владата на Република Северна Македонија , Министрерство за здравство на РСМ, Министерство за внатрешни работи на РСМ.
Доколку имате прашања, во врска со почитувањето на мерките за заштита од Corona вирусот Ве молиме да го исконтактирате нашиот локален тим за пандемија, SHEQ менаџерот, или службата за човечки ресурси.
Пандемик тим на
Месер Вардар Техногас
messer.news.related
Asset Publisher
Дистрибутивни центри
Дистрибутивни центри во Ваша близина – опција за превземање или испорака – Опрема „совршен спој“- Опции за нарачки - Безбедносни аспекти
Гасови до местото на користење – Месер нуди решенија
Систем за централно снабдување со гасови – совршен поврзана опрема за гасови – одржување на системот– законски барања – совети – обука –комерцијални понуди